0%
Caution: JavaScript execution is disabled in your browser or for this website. You may not be able to answer all questions in this survey. Please, verify your browser parameters.

ЕОСЦ Ковид-19 анкета

Со цел подршка на иницијативата на Европската Комисија за воспоставување на Европска COVID-19 платформа за податоци, Министерството за образование и наука и номинираните национални претставници во Управниот одбор на EOSC (European Open Science Cloud) иницира собирање на информации за сите релевантни истражувачки активности и ресурси кои можат да се стават на располагање за истражување на COVID-19 пандемијата и SARS-CoV-2 вирусот.

Во соработка со Европската Комисија, а со подршка на Управниот одбор на EOSC (EOSC Governance Board),  отпочната е иницијатива за воспоставување на Европска COVID-19 платформа за податоци за чија реализација е задолжен European Bioinformatics Institute (EMBL-EBI https://www.embl.org/news/science/embl-ebi-leads-international-collaboration-to-share-covid-19-research-data/).

 На состанокот на Управниот одбор на EOSC одржан на 25 март 2020 година, претставниците на земјите членки и земјите кандидати меѓу кои и Република Северна Македонија ја поддржаа оваа иницијатива и ја презедоа обврската да ги соберат и да ги достават податоците од своите матични држави. 

Европска COVID-19 платформа за податоци ќе се фокусира на собирање и споделување на клинички и епидемиолошки сетови на податоци и резултати со цел забрзување на истражувањата за пронаоѓање на лекот за SARS-CoV-2  како и борба против COVID-19 пандемијата. Освен податоците, земјите се повикани да ги стават на располагање своите е-инфраструктурни ресурси со акцент на напредни компјутерски ресурси. Иако платформата е усмерена на истражувања од доменот на биомедицинските области, сепак не помалку важни се и останатите истражувачки активности насочени на општествените, економските и образовните аспекти на оваа криза  предизвикана од COVID-19 пандемијата.

Со воспоставување на глобална платформа на податоци и научната сфера во Република Северна Македонија може да даде свој придонес во борбата против  COVID-19 пандемијата и нејзините последици. За таа цел, ве повикуваме како домашни научни истражувачи и истражувачките тимови, најдоцна до 10.04.2020 да го пополните прашалникот и со воспоставување на национална евиденција на релевантни истражувања и ресурси да помогнете во исполнувањето на оваа цел.

 

Контакт:

Светлана Пинева, МОН, svetlana.pineva@mon.gov.mk

Анастас Мишев, ФИНКИ, anastas.mishev@finki.ukim.mk

Оваа анкета има 12 прашања.